Емилија и Стојче Тоциновски се двајца сопружници и академски ликовни уметници, кои уште одамна решија дека ќе ги спојат креативниот и љубовниот процес во една целина. Тие заедно творат на истото платно и на сопствен начин ја прикажуваат нивната визија за природата и светот.
И покрај тоа што на уметноста се гледа како на индивидуална дисциплина, сепак тие решаваат да ги надминат сите стереотипи, непотребни дискусии и предизвици, и сепак да работат заедно – создавајќи единствени дела кои се плод на нивната заедничка имагинација и нивниот талент. За Емилија и Стојче, сопственото #СкрозЈас не може да постои без партнерот, што е симбол не само на силната меѓусебна љубов, без да се жртвува љубовта кон уметноста.
Да се твори заедно со партнерот не значи дека ќе се изгуби сопственото јас, ниту пак индивидуалноста. Напротив овие двајца автори кога творат се охрабруваат секој да остане свој, уникатен, скроз јас, и еден на друг да не си влијаат кога сликаат, а сепак тоа да го прават заедно, на едно платно.
Баш кога се заедно тие успеваат да ја исклучат суетата, егото, индивидуалноста, и сплотени да создавате уметнички дела. Тоа е резултат на довербата која ја имаат еден кон друг, на почитта и љубовта. “Работите некако природно ни доаѓаат. Ние сме водени од интуицијата, од уметност која има естетска вредност и чиј концепт на извршување треба да биде издржан до крајот. Не размислуваме дали треба, дали е правилно или не заедно да сликаме, едноставно тоа го правиме, изјавија Емилија и Стојче, кои ги сретнавме во ГТЦ Скопје каде изложуваат заедно со останати уметници, ракотворци.
Тие создаваат дела со минималистичка фигуративна апстракција, а уметноста за нив најчесто е огледало на времето во кое настанува. Сакаме преку неа да пренесеме убави чувства, па затоа во нашите слики има топли бои, многу природа, животни..едноставно позитивни емоции. Не сакаме да шокираме, ниту да бидеме контраверзни. Никогаш не гледаме што не можеме, туку што можеме. Затоа и во нашите дела има многу позитивизам, топлина и пред се чувства, дополнително изјавија овие наши уметници кои во нивното уметничко студио “Фантаст”, кое се наоѓа во ТЦ Бисер даваат и часови по цртање за деца.
Иницијатива #СкрозЈас на dm е инспирирана од автентичноста, уникатноста и моќта на секој поединец да биде свој, да го следи сонот. Да се прифати сопствената автентичност и да се живее со полни гради. Не поттикнува да го отвориме срцето кон она што веќе сме, без да се плашиме дека ќе изгледаме “некако” за другите или нема да им се допаднеме. А Емилија и Стојче се надвор од сите стереотипи, и ни покажуваат дека секогаш треба да се следи сопственото срце.