Американка згрозена од валканите компири во Европа, предизвика бурни реакции: А, каде растат вашите, на дрво?

Точка

29/07/2025

17:33

1.006

Големина на фонт

а а а

Американката Лили, која на „TikTok“ ја следат речиси 22.000 луѓе, објави видео што предизвика бурни реакции меѓу Европејците. Имено, во видеото таа снимила компири во една продавница во Холандија, каде што престојувала извесно време.

„Може ли некој да ми објасни зошто компирите во Европа се продаваат вака валкани?“, ги прашала своите следбеници, додавајќи: „Како воопшто е тоа дозволено? Може ли вака да се добие салмонела или други болести?“ На крајот заклучила: „Ова е лудост.“

22.000 коментари под видеото

Во описот на видеото, кое е прегледано речиси седум милиони пати, таа напишала: „Навистина ми е тешко да се хранам поздраво во Европа поради сите здравствени опасности.“

Секако, не требало долго за да предизвика бурни коментари и реакции од Европејците. Под нејзиното видео се собрале речиси 22.000 коментари.

„Какви се тогаш американските компири?“, „Дали американските компири растат на дрво?“, „Може ли некој да ми каже колкав е коефициентот на интелигенција на типичен жител на САД?“, „САЛМОНЕЛА?! Не можам да верувам дека го изјави ова“, „Се надевам дека ова е само измислено за да нè налути“, „Во Америка не го миете зеленчукот? Имате ли вода?“, „Не морам ни да проверувам од каде е“, „Американскиот образовен систем е апсолутна срамота и глупост“, беа само некои од коментарите под објавата.



Како расте и се продава компирот во Америка?

Иако компирот во Америка расте исто како и насекаде, од земја, разликата се забележува по бербата. Во САД, компирите најчесто се одгледуваат на големи индустриски фарми, каде што по вадењето од земјата се мијат, сортираат и често се премачкуваат со заштитен слој за да траат подолго и да изгледаат поуредно. Поради тоа, во американските продавници речиси исклучиво се продаваат чисти, измиени компири, подготвени за готвење без дополнително чистење.

Во САД се посветува повеќе внимание на изгледот и „хигиената“ на производите, па таков „валкан“ компир кај некои предизвикува шок – како што покажа и реакцијата на Лили.