„Pixsell“ ја објави листата на најдолги плажи на светот, а на првото место се најде „Praia Do Cassino“ која е вистинско географско чудо.
Се протега на крајбрежјето на Атлантикот, а долга е неверојатни 254 километри. Бескрајното песочно пространство е сцена која е неверојатна затоа што водата од океанот се меша со песокот.
Песочната плажа со неверојатно сините води на Атлантскиот океан е најдолга на светот. Се наоѓа во Бразил и поради своите природни убавини е омилена меѓу патниците кои сакаат авантури и вистински одмор. Изгрејсонцата и зајдисонцата се посебно магични.
Оваа плажа се протега од Рио де Жанеиро до Уругвај, а ќе ви бидат потребни седум дена да ја поминете пешки. Позната е по белиот песок, тиркизно-сината вода и пријатната температура.
Со своите огромни водени пространства и бранови, оваа плажа е рај за љубителите на водените спортови. Сурферите уживаат во совршените бранови, а исто така одлична е и за едрење.
Покрај пејзажите и разновидниот спектар на активности кои им ги нуди на луѓето, „Praia Do Cassino“ е дом на единствен екосистем. Спектакуларни песочни дини кои се протегаат километри, ја прават еколошко опкружување од суштинско значење за локалните биодиверзитети.
Посетителите имаат можност да го откријат ова природно богатство и да видат разновидни диви животни и растенија кои се наоѓаат таму.
На второ место е плажата „Ninety Mile Beach“ во Австралија која е долга 145 километри. Таа е популарна поради китовите.
Потоа следи плажата „Cox’s Bazar“ во Бангладеш со 121 километар.