[ВИДЕО] Има 58 години и тело на кое можат да ѝ завидуваат двојно помлади девојки: Салма Хајек заигра во бикини кое ѝ ги открива бујните гради

Точка

24/07/2025

19:56

2.592

Големина на фонт

а а а

Салма Хајек (58) повторно ги воодушеви фановите со видео на Инстаграм во кое танцува во бело бикини, славејќи го излегувањето на специјалното издание на списанието „Спортс илустрејтед“, на чија насловна страница се појавува токму таа.

Ова не е првпат Хајек да биде дел од култниот магазин. Претходно годинава таа беше на насловната и на американското издание, заедно со Оливија Дан, Џордан Чајлс и Лорен Чан.


Главната уредничка на изданието, Ем-Џеј Деј, изјави дека списанието не е само за костими за капење, туку и за славење на луѓето кои ја обликуваат културата и убавината на глобално ниво.

„Кога бев млада, ги гледав тие насловни и никогаш не мислев дека ќе бидам дел од нив – тие жени не изгледаа како мене. Моето тело никогаш не било типично манекенско. А да се случи ова на 58 години? Неверојатно“, изјави актерката во едно претходно интервју.


 target="_blank">A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

та постои во секоја возраст.

Фотосесијата се одржала во Мексико, нејзината родна земја, а Хајек го опиша искуството како „магично“. Таа додаде дека жените од нејзината генерација, особено Мексиканките, биле воспитувани да веруваат дека по 35. година се веќе „невидливи“. Но, таа денес гордо го прифаќа својот изглед, не се срами од седи влакна, не користи филтри и сака да испрати порака дека убавината постои во секоја возраст.


„Сакам да се чувствувам добро во својата кожа, но не мора да изгледам како да имам 20 години. Оваа фаза од животот ми е дури и повозбудлива – тоа е поинаков вид убавина“, изјави актерката.