[ФОТО] Како изгледа денес фаталниот Езел: Турскиот заводник како да не остарел ни ден, жените и натаму не можат да му одолеат, а тој има среќно семејство

Точка

24/07/2025

08:47

3.353

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните турски актери, Кенан Имирзалиоглу, којшто се прослави во серијата „Езел“, минатиот месец наполнил 51 година.

Од емитувањето на серијата поминаа повеќе од 16 години, а женската публика на Балканот, овој висок, црн и маркантен човек го декларираше како идеал за маж којшто е посакуван од страна на речиси секоја девојка.


Пред актерската кариера Кенан имал успешна манекенска кариера. Имено, на натпреварот „Најдобар модел на Турција“ во 1997 година тој победил, а потоа ја освоил титулата најдобар модел на светот.

Тој е висок 193 сантиметри, а во една прилика изјавил дека неговиот дедо бил повисок и помаркантен од него.

„Високи се и мојот брат и постарата сестра која со тетка ми има бутик за венчаници во Анкара“, изјавил Кенан.

Познат по својата скромност, иако доживеал вртоглав успех благодарение на улогата на Езел, тој останал приземен.

Многумина се согласуваат дека актерот не старее и дека изгледа речиси идентично како и кога се прославил во спомнатата серија, без оглед на тоа што е во шестата деценија од животот.


Кенан глумел во многу серии, а последната која ја снимил била во 2018 година. Актерот после големата слава одлучил да се повлече од светлото на рефлекторите, а во 2016 година се оженил со 13 години помладата актерка Синем Кобал. Во 2020 година парот ја добил првата ќеркичка Лалин, а во 2022 година и втората, Лејла.

„Од тој ден сум посреќен. Родителството едноставно не може да се опише со зборови. Не постојат зборови ниту реченици со кои може да се опише, едноставно мора да го доживеете тоа. Откако се роди Лалин, за нас започна нов живот. Се чини како да се наоѓам на почеток од едно убаво патување“, раскажал Кенан во една прилика.


Кенан и Синем лудо се вљубиле во 2015 година, кога заедно биле на сет од една серија. Актерката во тој момент била во врска со фудбалер, но потоа Кенан ја освоил. Иако многумина мислеле дека љубовта нема да им потрае, сепак тие ги разубедиле сите.

Пред повеќе време за Кенан кружеле гласини дека е хомосексуалец, а во 2013 година тој ги демантирал обвиненијата.