Судијата Брих издвои едно име: Тој е легенда на симулирањето

Дерби

22/07/2025

11:15

414

Големина на фонт

а а а

Феликс Брих е еден од најдобрите и најквалитетните германски судии во изминативе две децении, арбитар кој ја заврши кариерата со крајот на минатата сезона во Бундеслигата.

Брих има судено многу натпревари на домашната и меѓународната сцена, се има соочено со многу ситуации, има водено натпревари без и со ВАР технологија или поточно има огромно исксутво и дефинитивно може да сподели работи сега кога една успешна приказна е завршена.

Тој за „Фокус Онлајн“ даде одговор на интересно прашање, а тоа е кој е најголемиот глумец во фудбалот.

- Денес е потешко за кралевите на симулацијата поради ВАР. Но, тогаш знаев кои се моите „стари пријатели“, - рече Брих кој го издвои Нејмар.

- Нејмар беше речиси легендарен во ова, и со право. Колку повеќе болка му се гледаше на лицето, толку посмирен ја оставав играта да продолжи. Играч кој навистина чувствува силна болка веднаш останува долу и не се тркала бесконечно по тревата.

- Малите влечења и удари денеска се повешто се изведуваат. Честопати можев да кажам од реакциите на играчите во близина дали нешто навистина е фаул. Ако прво гледаа во мене, веројатно не е сериозно. Ако беа повеќе загрижени за својот соиграч или веднаш реагираа на противникот, беше поинаку, - вели Германецот.