Манчестер Јунајтед доведе неколку имиња во досегашниот тек на преодниот рок, но повеќе од јасно е дека се потребни уште засилувања за да екипата биде во конкуренција да се бори за врвот, местата кои водат во европските купови.
Една од позициите која дефинитивно е проблематична е голманската каде прв избор е Андре Онана, ас кој е доста критикуван од јавноста и навивачите. Тој поради повреда ќе го пропушти стартот на новата сезона во Премиер лигата, па „црвените ѓаволи“ се обиделе да дојдат до соодветна замена и тоа со понуда на ривал од најсилната англиски конкуренција.
„Дејли Мејл“ пренесува дека Јунајтед испратил понуда со Астон Вила за Еми Мартинез, понуда за позајмица, понуда која веднаш била одбиена од тимот од Бирмингем кој бил изненаден од ваквиот потег на конкурентот од „Олд Трафорд“.
Астон Вила воопшто не сака да размислува за таква опција, односно би можеле да се откаже од Аргентинецот ако на нивна адреса стигне понуда од околу 40 милиони фунти.
Еми е „врзан“ со сегашниот тим до 2029 година.