ФЦСБ допатува како фаворит за победа во Скопје и таков расплет очекуваа сите романски медиуми, кој по конечниот епилог на националната арена „Тодор Проески“, со голема загриженост ги пренесоа сите детали од мечот, но и изјавите на главните актери.
Романскиот првак не успеа да се наметне против Шкендија и претрпе пораз од 1:0, а истиот можеше да биде и потежок на крајот ако избраниците на Беќири искористеа една од двете стопроцентни шанси.
Голманот Тарновану спасуваше двапати со одлични реакции и го остави ФЦСБ во игра, нешто што го призна и тренерот на романскиот тим, Елијас Хараламбус.
– Нема што многу да се каже после вакво издание. Не игравме добро, не направивме ништо како што треба. Како воопшто да не дојдовме на натпреварот. На крајот Тарновану не спаси неколку пати, можеа да постигнат уште некој гол, особено во последните минути кога се распаднавме.
– Не се прикажавме онака какошто требаше и им се извинуваме на навивачите. Мора да бидеме подобри на реваншот и тоа е тоа. Честитки до противникот, Шкендија беше подобра и заслужено победи.
– Ќе мора да најдеме рамнотежа за реваншот, не смее да гледаме се толку црно. Да ја научиме лекцијата и да направиме анализа. Ова е голем чекор назад, но ако велев дека не треба да полетуваме после победи, сега велам дека не е се така црно откако ќе загубиме, – изјави Хараламбус.