Манчестер Јунајтед одлучи да се ослободи најмалку од петмина играчи во овој преоден рок или поточно на „црната листа“ се Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо, Антони и Тајрел Маласија.
Рашфорд прв си заминува и тоа во редовите на Барселона каде ќе игра на позајмица со цел и амбиција да се докаже, покаже и шпанскиот клуб потоа го откупи договорот.
Ова дефинитивно ќе биде интересен предизвик за Маркус, вистински тест дали се уште може да игра на највисоко ниво во тим кој има високо поставени цели да освојува титули во сите натпреаврувања.. Гери Линекер кој е последен Англичанец кој го носел дресот на каталонците верува дека сонародникот ќе биде полн погодок.
- Тој (Рашфорд) ќе се снајде одлично. Се чини дека е во добра ментална состојба. Мислам дека ова е голем предизвик. Тие имаат брилијантни играчи. Тие се тежок тим. Но, играат толку многу натпревари. Тие имаат стабилна напаѓачка тројка, во Рафиња, Левандовски и Јамал. Ама не можат да ги играат тројцата на секој натпревар. И Левандовски речиси го помина својот најдобар период. Тој е извонреден за она што го постигнува на оваа возраст. Мислам дека ова е добро засилување за Барселона, ако Маркус може повторно да ја пронајде својота најдобра форма, - истакна Линекер кој гледа сериозен проблем во Јунајтед.
- Да ги погледнеме играчите кои го напуштија Манчестер Јунајтед. Тие се снаоѓаа неверојатно добро, насекаде. Значи, нешто не е во ред во Манчестер Јунајтед. Играчите кои избегаа оттаму генерално успеваа. Во Вила, тој беше одличен. И може да го направи истото и во Барселона. Се надевам дека ќе биде така, - заклучи Гери.