Морето се подигнува за 3 метри и се заканува да ги потопи овие 3 градови: Научниците предупредуваат – „глечерот на судниот ден“ носи голема опасност

Точка

21/07/2025

21:22

2.230

Големина на фонт

а а а

Постојат три мега-градови за кои научниците веруваат дека би можеле да исчезнат под вода доколку дојде до колапс на т.н. „глечер на судниот ден“.

Лондон, Њујорк и Бангкок се меѓу најзагрозените и само прашање на време е...

Климатските промени повеќе не се предупредување, тие се реалност. Научниците со децении апелираат дека порастот на глобалните температури и топењето на мразот неминовно водат кон катастрофални последици.

Во средиштето на тие предупредувања се наоѓа Thwaites – глечер во западен Антарктик којшто содржи доволно вода што нивото на морето би се подигнало за неколку метри.

Ова не е обичен глечер, тој е своевиден „чеп“ којшто стабилизира огромен дел од антарктичкиот леден покривач. Доколку тој „чеп“ се сруши, ќе предизвика лавина – буквално. Нивото на морето би можело да порасне за три метри, што би довело до целосно потопување на блиските метрополи ширум светот.


Леденото срце на планетата под притисок

Истражувањата за Thwaites ги спровел тим научници околу меѓународниот проектил „International Thwaites Glacier Collaboration“ кои од 2018 година го изучуваат од сите агли.

Неодамнешна анализа покажала дека глечерот крие т.н. „скриени езера“, кои дополнително го дестабилизираат целиот систем.

Професор Ноел Гурмелан, член на тимот и автор на студијата објавена во март 2025 година, истакнува:

„Знаевме дека водата под глечерот придонесува во негово топење, но размерите на дренирање нѐ изненадија. Тоа испуштање се случи во критичната зона и дополнително го забрза повлекувањето на мразот поради топлината на океанот“.

Со други зборови – процесот веќе се случува и се движи побрзо отколку што може да замислиме.


Необично топлата 2025 година во јужната хемисфера дополнително ја влошила ситуацијата. Научниците се загрижени затоа што топлотниот бран може значително да го забрза процесот на топење на глечерот.

Д-р Аластаир Грахам од Универзитетот во Јужна Флорида предупредува:

„Доколку Thwaites исчезне, нивото на морето ќе порасне за 65 сантиметри само во првата фаза. Но, тоа е само почеток. Глечерот е нестабилен, климата се менува, а ние можеби повеќе не можеме да ја запреме таа реакција“.


Иднина под вода?

Додека глечерот се топи, последиците за светот се огромни. Најзагрозени градови се:

- Лондон, чии брани не се проектирани за ваков пораст на морето.
- Њујорк, којшто веќе сега бележи редовни поплави.
- Бангкок, којшто тоне и без дополнителен притисок од океаните.

Доколку ништо не се преземе, овие градови би можеле навистина да завршат под вода, не во далечна иднина туку во текот на животот на нашите генерации.