Зошто вашиот бизнис не расте: Човекот што ја водеше „Tesla“ објасни во една реченица

Точка

21/07/2025

17:48

867

Големина на фонт

а а а

Брзиот раст на една компанија не е случајност, туку момент кога сè се поклопува – и тоа, според поранешниот претседател на „Tesla“, Џон Макнил, може точно да се измери. Говорејќи на настанот „TechCrunch All Stage 2025“ во Бостон, тој откри како „Tesla“ од приходи од 2 милијарди долари стигна до 20 милијарди за само 30 месеци и што беше основата за таквата експанзија.

Макнил, кој подоцна беше директор за операции во „Lyft“ и денес го води инвестицискиот фонд „DVx Ventures“, вели дека успехот во проширувањето зависи од два клучни фактори – дали корисниците не можат да си го замислат животот без производот и дали компанијата има одржлив систем за продажба.


Прв сигнал: 40% од корисниците не можат без производот

Макнил не верува во „чувство дека е време за раст“ – за него тоа е метрика. Неговото правило гласи: ако барем 40% од корисниците кажат дека не можат да живеат без производот, компанијата има вистински „product-market fit“. Пред тоа, вели тој, нема смисла да се размислува за проширување.

„Додаваме функции, тестираме, повторуваме … сè додека не стигнеме до тие 40%. Тоа не е интуиција – тоа е број“, објасни тој.


Втор сигнал: "LTV/CAC" однос 4:1

Вториот клучен индикатор е односот меѓу вредноста на корисникот во текот на целиот период на користење (lifetime value) и трошокот за привлекување корисник (customer acquisition cost). Кога овој однос надмине четири спрема еден, тогаш доаѓа моментот за сериозни инвестиции.

„Тогаш вложуваме пари во компанијата. Пред тоа, даваме 100.000 по фаза и ништо повеќе“, рече Макнил.

Во спротивно, стартапот го троши буџетот пред да добие каква било потврда од пазарот – што, според неговите зборови, е најчестата причина зошто добрите идеи пропаѓаат.