Арсенал веќе договори четири играчи за престојната сезона, меѓутоа се уште се чека на вистинската „бомба“, засилување во напаѓачката линија, играч кој е чиста деветка.
Изборот на „топчиите“ е Виктор Ѓокереш, Швеѓанецот според информаците веќе дал зелено светло, но Арсенал се уште не успева да го „скрши отпорот“ на Спортинг. Португалскиот тим не попушта и бара да го добие тоа што го посакува за се откаже од играчот кој се распука, направи вистински „бум“ во нивниот дрес.
Ова неочекувано се претвори во сага и едноставно долго трае, ситуација која носи пред се притисок за играчот затоа што премиерлигашот засега изгледа смирено.
- Не можам да коментирам за ниту еден играч кој сè уште не е дел од нашата група. Кога ќе имаме нешто конкретно да понудиме на кој било играч, тоа ќе го направиме, - порача менаџерот Микел Артета.
- Сè уште има долго време во преостанатиот рок, а ние сè уште бараме. Што се однесува до бројките, ни недостасуваат играчи и мора да ја подобриме длабочината и квалитетот на тимот. Постојано бараме нови играчи на пазарот. Додека тоа не се случи, фокусирајте се на играчите што ги имаме и фокусирајте се на нив и многу сум задоволен од она што го видов во последните 10-15 дена, - дополни Шпанецот.