Погба за трансферот на Рашфорд: Јунајтед губи одличен играч…

Дерби

21/07/2025

12:15

568

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен член на Монако, Пол Погба даде свој коментар за најавениот трансфер на Маркус Рашфорд во Барселона.

Рашфорд во минатата година влезе во одреден конфликт со Рубен Аморим, па зимоска замина на позајмица во Астон Вила каде покажа дека се уште може да игра на високо ниво.

Меѓутоа и покрај овие изданија Јунајтед одлучи да не му даде нова шанса на Англичанецот и тој беше решен да заврши во Барселона, трансфер кој на крајот се реализира како позајмица по што шпанскиот шампион ќе има можност да го откупи неговиот договор.

- Ова е лудо, но среќен сум за него бидејќи тие [Јунајтед] му го зедоа неговиот број. Манчестер Јунајтед губи одличен играч. Несреќа за нив. Одлично е за Барселона, да бидам искрен. Дури и не зборувам за Јунајтед, бидејќи купија неколку нови играчи и новиот менаџер сака да си го прави своето, претпоставувам. Не е всушност негова вина [на Аморим]. Ако не верува во некого, треба да победува. Ако не победи, ќе го отпуштат, - вели Погба.