Мората пред кам-бек во италијанскиот фудбал и тоа со интересен ангажман

Дерби

21/07/2025

12:14

440

Големина на фонт

а а а

Алваро Мората скоро секоја сезона се сели во нова средина и како што стојат работите во натпреварувачката 2025/2026 ќе има нов клуб.

Тој на почетокот на оваа година „избега“ од Милан, тимот во кој се пресели минатото лето. Шпанецот заврши на позајмица во Галатасарај каде на 16 натпревари забележа 7 гола со 3 асистенции.

Таа позајмица се уште е активна, ама според новите информации истата ќе биде прекината со оглед на тоа што Галатасарај конечно го доби потписот на Виктор Осимен од Наполи. Турскиот првак сега е подготвен да се ослободи од Мората кој има понуда да се врати на Апенините. понуда која тој ја има веќе прифатено.

Се работи за амбициозниот Комо кој е предводен од Сеск Фабрегас, стратег кој смете дека неговиот сонародник е идеално засилување кое носи искуство, квалитет, голови кои дефинитивно се потребни за да се остварат целите.

Алваро досега има играно само за топ клубови во кариерата и тоа Реал Мадрид, Јувентус, Челси, Атлетико Мадрид, Милан и секако Галатасарај.