Маркус Смарт се сели во ЛА Лејкерс

Макфакс

21/07/2025

11:41

118

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Маркус Смарт, се раздели со франшизата од американската престолнина и потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс.

Смарт доби двегодишен договор вреден 11 милиони долари, изјави извор за Асошиејтед Прес.

Франшизата од Лос Анџелес сакаше добар дефанзивец кој ќе ги поддржува ѕвездите на тимот, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

Лејкерси ја прекинаа соработката со Шек Милтон за да направат место за Смарт.

Смарт помина девет сезони во Бостон, а последните две години играше за Мемфис и Вашингтон.

Играјќи за Селтикс, Смарт беше најдобриот дефанзивец во НБА во 2022 година.

Откако го напушти Бостон, одигра само 54 натпревари во последните две сезони поради повреди.