Французите отворија истрага против Мбапе за наводни лажни плаќања

Макфакс

18/07/2025

14:05

375

Големина на фонт

а а а

Француското јавно обвинителство почна истрага за потенцијално сомнителни плаќања извршени од францускиот напаѓач и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, до пет полицајци одговорни за безбедноста на француската фудбалска репрезентација.

Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која пријави необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци, пренесoa француските медиуми.

„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, кусо соопшти јавното обвинителство.

Според францускиот неделник „Ле Канар Еншен“, Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „некниговодствено“ за приватни услуги.

Набрзо следеше соопштение од неговиот тим, во кое се наведува дека сè е направено во согласност со правилата. Тие додаваат дека Мбапе отсекогаш ги донирал сите свои бонуси што ги добивал за настапи во францускиот дрес, а тоа го сторил и по Светското првенство во 2022 година кога парите отишле во хуманитарни организации и безбедносен персонал што ја придружувал репрезентацијата.