Австрискиот екстремен спортист Феликс Баумгартнер, познат по спектакуларниот скок од стратосферата во 2012 година (постигна брзина над 1.300 км/ч и ја проби звучната бариера), загина на 17 јули 2025 година во 56. година од животот.
Легендарниот спортист загинал при летот со моторен параглајдер над италијанскиот град Порто Сан'Елпија.
Според локалните власти, изгубил контрола над леталото по што претрпел изненаден здравствен проблем (можен срцев застој) и паднал во хотелски базен, при што една жена се здобила со полесни повреди.
„Трагедијата се случила околу 16:00 часот“, се наведува во извештајот на "Skytg 24" и се додава:
„Според претходните информации, мажот (Баумгартнер) веќе бил мртов во моментот на падот“.
Посебно се потресни неговите последни објави неколку часа пред смртта.
Имено, Феликс го искористил времето да се дружи со девојче, кое било фасцинирано од неговиот славен скок во вселената и дошло кај него за да му покаже своите способности на мотор.
„Ова е Емили. Нејзиниот татко беше вчера тука и ѝ раскажал за мојот „суперсоничен“ скок. Денес таа дојде и донесе својот мотор за да ми приреди „шоу“ со него. Прекрасно“, напиша Феликс, а потоа се фотографираше со девојчето со порака:
„Многу сум горд на тебе, Емили“.
Неколку часа подоцна, се претпоставува околу два часа пред трагедијата, Феликс објави фотографија од темно небо со порака:
„Премногу ветер“.
Сепак, временските услови, изгледа, не имале никаква врска со смртта на легендарниот 56-годишен Австриец.