По 30 години, откриено е зошто славните пријателки престанале да комуницираат: Еден инцидент променил сè

Точка

17/07/2025

19:22

743

Големина на фонт

а а а

Актерката Гвинет Палтроу и музичката ѕвезда Мадона биле многу блиски пријателки во 90-тите години, а нивното пријателство траеше со години. Сепак, по еден инцидент, односот им се расипа.

 Ова го открива новата книга за Палтроу со наслов „Гвинет: биографијата“ (Gwyneth: The Biography), пренесува „Пејџ сикс“.

„Нивниот однос достигна точка на прекин кога Мадона се појави на островот каде што Гвинет и Крис Мартин летуваа. Изгледа дека Мадона знаела дека Гвинет ќе биде таму, што ѝ било многу чудно на актерката“, пишува авторката Ејми Одел во книгата, која треба да излезе на 29 јули.


Откако пристигнала на островот, Мадона инсистирала двојката да ѝ се придружи на вечера. За време на вечерата, пејачката наводно „експлодирала кон ќерка ѝ Лурдес“, што го шокирало и згрозило и Палтроу и Мартин.

„Не можам повеќе да бидам во близина на оваа жена. Ужасна е“, наводно ѝ рекол тогаш Мартин на својата тогашна сопруга, а таа се согласила со него, по што започнал постепениот раздор со Мадона.

На почетокот од нивното пријателство, Мадона и Палтроу често јавно зборуваа една за друга и се фалеа меѓусебно.

„Сè што јас сум го поминала, таа го поминала десетпати потешко и десетпати подолго. Ми дава добри совети како да кажам ‘не’ и како да се грижам за себе“, изјави Палтроу во 2006 година.


Но, три години подоцна, извори за странските медиуми открија дека Палтроу се оддалечила од Мадона и дека сè почесто излегувала на „двојни состаноци“ со Бијонсе и Џеј-Зи.

„Децата на Гвинет го викаат Џеј-Зи ‘вујко Џеј‘, а таа и Крис беа специјални гости на неговата венчавка“, изјавил тогаш извор.

Друг извор во 2010 година потврди дека пејачката и актерката веќе не разговараат, но не откри детали за крајот на пријателството. Истата година, Палтроу откри дека нејзината лична тренерка Трејси Андерсон повеќе не соработува со Мадона.


Да потсетиме, Гвинет Палтроу и Крис Мартин беа во брак од 2003 до 2016 година и заедно ги имаат децата Епл и Мосес.