Познатата двојка, поранешниот претседател на САД Барак Обама и Мишел Обама, одлучија на хумористичен начин да стават крај на постојаните гласини за проблеми во нивниот брак.
Имено, Барак Обама се пошегува за приказните за развод и низ смеа рече: „Таа ме прими назад“
Во опуштената атмосфера на најновата епизода од поткастот „IMO“, кој Мишел го води со својот брат Крег Робинсон, славната двојка се осврна на медиумските шпекулации дека нивниот децениски брак е во криза.
За потсетување, гласините почнаа откако Мишел не се појави со својот сопруг на неколку важни јавни настани, вклучувајќи ја и инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
„Толку е убаво да ве видам двајцата во иста просторија“, го започна разговорот водителката Робин. Мишел веднаш одговори: „Знам, бидејќи штом не се појавиме заедно некаде, луѓето веднаш мислат дека се разведуваме“.
Барак веднаш се вмеша, додавајќи низ смеа: „Па, очигледно ми недостигаат такви работи“.
„Не знам за тоа сè додека некој не ми го спомне. Потоа само гледам и се прашувам за што зборувате“, продолжил поранешниот претседател.
Сепак, со посериозен тон, Мишел ја нагласи силата на нивната врска:
„Немаше ниту еден момент во нашиот брак кога помислив да се откажам од нас. Секако, имавме навистина тешки времиња, но имавме и многу забава и авантури. Поради човекот со кој сум во брак, станав подобра личност.“
„Одлуки на зрела жена“
Ова не е прв пат поранешната прва дама да зборува на злонамерни озборувања.
„За луѓето беше несфатливо дека носам одлука сама за себе, па затоа веднаш мораа да претпостават дека мојот сопруг и јас се разведуваме“, објасни таа во тоа време.
„Не може ли возрасна жена едноставно да носи низа одлуки за себе? Но, така функционира нашето општество. Кога конечно ќе почнеме да се прашуваме што правиме и за кого го правиме тоа, и ако тоа не се вклопува во стереотипите, веднаш сме етикетирани како нешто негативно и ужасно“, заклучи таа.