Хаман бара реактивирање на клупска легенда: Баерн би бил во подобра позиција со него

Дерби

17/07/2025

13:48

294

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ја заврши последната сезона со освојување на титулата, што беше и основна амбиција на клубот, но легендарниот Дитмар Хаман смета дека на клубот му недостасува влијанието на една влијателна легенда.

Хаман смета дека Карл-Хајнц Румениге треба повторно да преземе оперативна функција, наместо да извршува само пасивна улога како член на надзорниот одбор, кој секако има свои важни ингеренции.

– Мислам дека Румениге е премногу оддалечен од оперативните работи, неговото присуство му недостасува на Баерн.

– Тој има најдобри конекции меѓу сите членови на раководството, прагматичен е и има одлична фудбалска визија.

– Ако Румениге се реактивира, сигурен сум дека Баерн ќе биде во подобра позиција за една до две години, – вели Хаман, кој нема исто такво мислење за Ули Хенес.