Арсенал имал кратки преговори со Баерн за искусен фудбалер, најавена е и втора поконкретна фаза

Дерби

17/07/2025

12:25

323

Големина на фонт

а а а

Раководството на Арсенал продолжува со својата летна трансфер офанзива и преговори на неколку фронтови, а германските медиуми тврдат дека пред неколку недели премиерлигашот имал кратки и неуспешни преговори со Баерн Минхен.

Причината се вика Жоао Палиња, односно желбата на „топчиите“ да го добијат играчот за врска за новата сезона, но германскиот шампион не дал зелено светло за трансферот во периодот кога екипата се подготвувала за настап на Светското клупско првенство.

Палиња дојде во Баерн минатото лето, но не е во прв план кај Венсан Компани, а истовремено на клубот му требаат дополнителни средства за најавените инвестиции, што го прави Палиња еден од фудбалерите кои можат да добијат зелено светло за продажба.

„Билд“ тврди дека Арсенал може да се врати со нова понуда, која ќе биде поблиска до барањата на Баерн, а проценките се дека Португалецот не може да замине без барем 30 милиони евра.

Палиња има премиерлигашко искуство и претходно настапуваше за Фулам, па Микел Артета смета дека неговата робустност и начин на игра може да донесат дополнителен квалитет во средниот ред на „топчиите“.