Реал Мадрид бара начин да се „откачи“ од ѕвезда со голема плата

Дерби

17/07/2025

11:58

1.144

Големина на фонт

а а а

Актуелното раководство на Реал Мадрид може да биде задоволно од трансфер стратегијата и изборот на фудбалери последните години, но Давид Алаба е еден од ретките фудбалери кои немаа можност да го испорачаат она што го најавуваа во претходните клубови.

Австрискиот репрезентативец имаше сериозни проблеми со повреди и немаше простор да го докаже квалитетот во Реал на подолг рок, па „АС“ тврди дека шпанскиот клуб бара начин да се раздели со дефанзивецот.

Алаба дојде како слободен агент од Баерн Минхен и си договори висока плата од 12,5 милиони евра по сезона, а последните две сезони има едвај дваесет настапи во шпанското првенство.

Договорот на Алаба истекува следното лето, па Реал се надева дека во овој преоден рок може да биде пронајден начин да се ослободи од играчот со помала трансфер сума, со што би избегнал барем една годишна плата за овој фудбалер.

Во меѓувреме, шпанскиот клуб ги засили бековските и стоперските позиции со Александер-Арнолд, Хаусен и Карерас што е дополнителен сигнал дека не планира премногу да чека на придонесот на Алаба.