Официјално: Роналдо ќе брка прва титула во Саудиска Арабија со легендарен сонародник

Дерби

15/07/2025

11:47

308

Големина на фонт

а а а

Ал Наср ја потврди веста која кружеше во јавноста веќе некое време, а тоа е информацијата дека Жорже Жезус ќе биде нов лидер на проектот на првиот тим кога е водењето на екипата во прашање.

Португалскиот ветеран се запозна со фудбалот во Саудиска Арабија како предводник на Ал Хилал и ги освои сите најважни титули, па по крајот на авантурата кај „сините“, сега ќе ја има честа за првпат во кариерата да го води најдобриот играч во историјата на Португалија.

Жезус ја прифати понудата од Ал Наср која му нуди нова борба за титулата во домашното првенство, а тоа значи дека искусниот стручњак ќе го гледаме и трета сезона по ред во Саудиска Арабија.

70-годишникот на крајот се претвори во прв избор во трката во која активен беше и Сержо Консеисао, па се верува дека добива предност само поради фактот што далеку подобро ја познава саудиската лига.

Како и да е, повеќе од јасно е дека главен збор при изборот имал и Кристијано Роналдо, нешто за што свесен е и самиот Жезус.

– Без поканата од Роналдо, јас немаше да бидам тука. Роналдо е фудбалер кој освои се што можеше да се освои во сите клубови, но тоа не е случај во Саудиска Арабија. Да видиме дали ќе му помогнам да се промени тоа оваа сезона. Не можев да го одбијам предизвикот кој ми го постави Роналдо, – изјави Жезус.