„Тениска бомба“: Надал ќе му биде тренер на третиот светски тенисер!

Дерби

15/07/2025

11:45

250

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев реши да направи подолга пауза по раната елиминација на Вимблдон, па наместо да настапува на турнири, реши да се фокусира на менталното здравје и на напорни тренинзи кои ќе го вратат во посакувана форма.

Интересно, Германецот ја избра Мајорка како идеално место да се регенерира и да ги наполни батериите, но испадна дека оваа дестинација ја избрал со јасна намера.

Како што јавува германски „Скај“, Саша Зверев режира „тениска бомба“ веднаш по крајот на годинешното издание на Вимблдон, бидејќи на познатиот шпански остров си подал рака со Тони Надал.

Светскиот рекет број три во иднина ќе биде трениран од Тони Надал, но истиот извор од Германија тврди дека дел од тимот ќе биде и легендарниот Рафа.

14-кратниот шампион на Ролан Гарос прифатил да има улога на ментор и повремено да му дава професионални совети на Зверев, кој веќе неколку дена работи во Академијата на Надал во Мајорка.