На пензионерите не им се пишува добро – што ќе ни донесе 2030 година?

Денар

12/07/2025

19:39

2.202

Големина на фонт

а а а

Ќе го издржи ли македонскиот пензиски систем ударот на демографијата и економската реалност што ни се насобира пред вратата?

Или можеби само си копаме нова финансиска дупка од која утре ќе нема излез?

Овие дилеми сè почесто кружат меѓу економистите и луѓето што се загрижени за тоа како ќе изгледа Македонија по пет-шест години, кога пензионерите ќе бидат далеку повеќе од оние што го полнат фондот.

Се појавија бројки од Институтот за макроекономска анализа, кои не звучат баш утешно: до 2030, пензионерите ќе го надминат прагот од 400.000. Во истиот момент, активните вработени – тие што секој месец од својата плата делат за да се полни пензискиот фонд – ќе бидат сè помалку. И односот, кој во здрава економија треба да биде четворица работници на еден пензионер, кај нас може да падне на едвај 1,3 работник за секој пензионер. Не мириса на добро, нели?


Економските аналитичари со коишто разговаравме велат:

„Не можете да турате бесконечно во буре без дно. Ако вака продолжиме, секоја година ќе треба од буџетот да се точат сè поголеми суми за да се покриваат пензиите – а тоа значи и поголем јавен долг. И конечно, кога ќе удриме во ѕид?“

Од друга страна, пензионерите не живеат од теорија, туку од својата просечна пензија. За многумина, тоа е сметка за аптека и сметки за струја.


„Со пола пензија купувам лекови, со другата плаќам комуналии. А за трпеза? Бог да чува“, вели Мирјана Лазова од Велес, поранешна медицинска сестра, која го поминала цел живот по болнички ходници, а сега едвај составува месец.

Министерството за труд се обидува да внесе малку оптимизам и да увери дека ситуацијата е под контрола.

„Воведовме таканаречен шведски модел кој ја следи економијата и е пофер. Сепак, клучот е во тоа да имаме повеќе луѓе што плаќаат придонеси. Тоа значи нови вработувања и борба против сивата економија“, брифираат од Министерството.


Аналитичарите го гледаат проблемот пошироко:

„Проблемот е во продуктивноста, во демографијата што ни старее и во тоа што нема вистинска стратегија. Ако сакаме овој систем да преживее, ќе мора да го редизајнираме од корен“.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.