Како што вчера најавија на „Марш за ангелите“ родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска излегоа на едночасовна блокада во Кочани.
Блокадата, според нив, е резултат на револтот што го почувствувале откако адвокатите на осомничените изјавиле дека судскиот процес би можел да трае од 10 до 15 години.
„Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука – на кружниот тек, се додека не почне судењето, а за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри,“ порачуваат членовите на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар на 16 март во дискотеката „Пулс“.
Тие рекоа дека нема да запрат со протестите сѐ додека, како што велат, не видат вистинска волја од институциите за брзо и праведно судење.
Видео: Радио Кочани