Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон Блаце пуштен само за патнички возила

Макфакс

09/07/2025

18:57

142

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека целосно пуштена за сообраќај е скопската обиколница.

„Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила“, велат од МВР.

Претходно, поради пожар затворена беше обиколницата од Радишани до Тетово.