Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија: Бугарски европратеници го искористија за домашни цели, порача Вајц

A1ON.MK

09/07/2025

14:33

2.798

Големина на фонт

а а а

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за нашата држава за 2023 и 2024 година.

Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д и Обнови Европа – се согласија да ги отфрлат зборовите “македонски идентитет” и “македонски јазик”.

На денешното гласање му претходеше синоќешната бурна расправа во ЕП кога здружено бугарските европратеници настапија против нашата држава, а грчката европратеничка Латинопулу истакна дека таа е „вистинска Македонка, а не лажна како тие од Скопје“.


Известувачот Вајс во изјава веднаш по гласањето вели дека бугарските европратеници го искористиле извештајот за домашни цели.

„Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година. Северна Македонија е предводник во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ. Извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува Северна Македонија да ги спроведе потребните реформи. Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ. Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја. За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели.“