Серија Samsung Galaxy Watch8: Врвна удобност – од спиење до физичка активност

Точка

09/07/2025

17:04

147

Големина на фонт

а а а

Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic го спојуваат препознатливиот дизајн со нови персонализирани здравствени увиди, мотивирајќи ги корисниците кон поздрав животен стил.

Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic¹, применувајќи го препознатливиот визуелен идентитет на целата Galaxy Watch линија. Надоградувајќи се на темелите на перничестиот дизајнот на Galaxy Watch Ultra, оваа серија се одликува со најтенкиот и најудобниот Galaxy Watch досега² за континуирано следење на здравјето. Серијата Galaxy Watch8 одговара на различни животни стилови и нуди напредни можности, поставувајќи нов стандард за стил и персонализирани здравствени искуства.

„Посветени сме на тоа да им овозможиме на милијарди луѓе поздрав начин на живот преку нашите иновативни технологии“, изјави TM Roh, претседател и в.д. раководител на одделот Device eXperience во Samsung Electronics. „Комбинирајќи функционален дизајн, напредни сензори и интуитивно корисничко искуство базирано на AI, Galaxy Watch8 серијата отвора врати кон поздрав, поповрзан живот, што го олеснува, повеќе од кога било досега, преземањето значајни чекори кон благосостојбата на корисниците“.


Редизајниран внатрешно и надворешно – за поголема добросостојба

Со ново обликување на формата и функциите, Galaxy Watch8 серијата обезбедува врвна удобност при носење, водечки перформанси и се претставува како совршен придружник за секојдневното здравје. Препознатливиот „перничест“ дизајн, првпат претставен на Galaxy Watch Ultra, сега го дефинира целото Galaxy Watch семејство. За да се постигне најмала дебелина досега, внатрешната структура на Galaxy Watch8 е целосно редизајнирана, а системот за интеграција на компонентите е подобрен за 30%, што резултира со 11% потенок дизајн во однос на претходниот модел. Благодарение на динамичките приклучоци, часовниците природно се движат заедно со зглобот, овозможувајќи подобра удобност при носење и подобрена стабилност², со што се овозможува подобро пристојување и унапредено следење на здравјето.

Елегантниот профил на Galaxy Watch8 е дополнет со извонредни перформанси. Дури и кога корисниците го носат на отворено под директна сончева светлина, екранот е 50% посветол², со максимална осветленост од 3000 нита за полесна читливост, а присутна е и подобрена батерија² која одговара на активен животен стил. Дополнително, двојнофреквентниот GPS систем овозможува попрецизно следење на локацијата², а најмоќниот 3-нанометарски процесор досега овозможува побрзи перформанси и подобра енергетска ефикасност. Единствениот BioActive сензор овозможува подетално и попрецизно мерење, со што Galaxy Watch8 серијата обезбедува сеопфатен увид во здравјето на корисникот.


Мотивација за долгорочни здравствени навики

Добриот сон е прозорец кон севкупната добросостојба; секоја мирна ноќ му овозможува на телото и умот обновување за новиот ден. Затоа Samsung постојано го унапредува искуството на следење на сонот, нудејќи „тренинг“ за спиење, помагајќи во создавање на најдобра средина за одмор и дури може да препознае умерени до силни знаци на апнеја при спиење. Дополнително, Galaxy Watch8 серијата доаѓа со нови, уникатни здравствени функции во апликацијата Samsung Health³, кои им помагаат на корисниците да изградат поздрави навики преку моментални и мотивирачки увиди – од спиење, исхрана до вежбање.


Водичот за време на спиење⁴ може да го измери циркадијалниот ритам и да предложи оптимално време за одмор, со цел корисниците да се разбудат освежени и одморени. Васкуларното оптоварување⁵, прво мерење од ваков вид, го следи нивото на оптоварување на васкуларниот систем за време на спиењето. Тоа нуди увиди во различни животни фактори, вклучително и сонот, стресот и активностите, и им помага на корисниците да усвојат севкупен пристап кон управување со здравјето.


Понатаму, Galaxy Watch8 серијата воведува и Антиоксидативен индекс⁶, уште една новина кај паметните часовници, што овозможува мерење на нивото на каротеноиди за само пет секунди, овозможувајќи донесување подобро информирани одлуки за поздраво стареење.

Без разлика дали се почетници или искусни тркачи, Galaxy Watch8 серијата нуди персонализирани фитнес увиди и мотивира токму кога е најпотребно. Тренерот за трчање⁷ ја пресметува кондицијата на скала од 1 до 10 и развива детална програма за тренинг со насоки и мотивациски увиди во реално време. Со подобрената функција Together, која сега може да следи и трчање, корисниците можат да предизвикуваат пријатели и семејство и да го претворат фитнес патувањето во игра.


Во случај на траен зголемен стрес, функцијата за предупредување за висок стрес веднаш ќе го извести корисникот да направи пауза и ќе помогне во управување со стресот во реално време. Со алатката за следење на свесноста, корисниците можат да го евидентираат расположението, а часовникот ќе ги води низ вежби за дишење за да го намалат стресот – директно од зглобот.

Дополнително, Енергетскиот резултат⁸, поткрепен со вештачка интелигенција, нуди увид во нивото на енергија, обединувајќи метрики од физичкото и менталното здравје, за корисниците секој ден да го започнат подобро подготвени.

Полесна интеграција со Wear OS 6 и Gemini

Развиена во тесна соработка со Google, Galaxy Watch8 серијата е првиот паметен часовник опремен со прединсталиран Wear OS 6 и Google Gemini⁹, AI асистентот на Google. Корисниците имаат слободни раце и можат преку природни гласовни команди да извршуваат задачи во движење со Galaxy Watch апликациите како Samsung Health, Календар, Потсетник и Часовник. На пример, можат да го замолат Gemini да најде блиско кафуле и да испрати порака на пријател да се најдат таму – сето тоа одеднаш. Или, доколку се подготвени да почнат со вежбање и имаат поставена цел, доволно е да кажат: „Започни трчање 30 минути.“ Часовникот интуитивно ќе ја активира вежбата во Samsung Health.

Дополнително, благодарение на новиот One UI 8 Watch, корисничкиот интерфејс е оптимизиран за големината и обликот на екранот. Новите Multi-info плочки овозможуваат лесен пристап до здравствени метрики, временска прогноза, настани и друго, преку едноставен преглед. Тука е и новата Now Bar и нов режим за известувања кој осигурува дека клучните активности остануваат во прв план.

Креиран за сечиј животен стил

Galaxy Watch 8, Galaxy Watch 8 Classic и новиот Galaxy Watch Ultra се достапни за претходна нарачка почнувајќи од денес, а општата достапност започнува на 25 јули¹⁰.

Новиот Galaxy Watch8 нуди елегантен и минималистички дизајн за секојдневна добросостојба. Достапен е во димензии од 44 или 40 милиметри, во графитна или сребрена боја, нудејќи удобност и стил за секојдневните активности.


Истовремено, Galaxy Watch8 Classic донесува безвременска елеганција на вашиот зглоб, со модерни функции како ротирачки прстен и копче за брз пристап, за дополнителна практичност. Моделот Classic е со пречник од 46 милиметри и е достапен во црна или бела боја. Двата модели можат да се комбинираат со голем број стилски ремчиња¹¹, прилагодени на различни животни стилови.

Корисниците кои сакаат активности на отворено ќе го најдат својот совршен придружник во Galaxy Watch Ultra – најнапредниот модел од Galaxy Watch серијата досега. Достапен во 4 тинаниумски бои, вклучително и новата титаниумска сина боја, овој паметен часовник нуди најдолг век на батеријата и најиздржливи перформанси досега.

Спецификации Galaxy Watch8


Комерцијален текст