[ВИДЕО] Морган Фримен на сите им ја препорачува оваа серија на „Netflix“: „Вистинско ремек-дело“

Точка

09/07/2025

14:15

808

Големина на фонт

а а а

Актерот Морган Фримен е познат по својата искреност, без оглед на тоа дали зборува за сопствените филмови, колегите со кои работел или улогите кои ги прифатил исклучително само поради хонорар.

Тој отворено признава дека многу акциски трилери во последниве години ги работел само заради заработка, а публиката тоа често го забележува.

Меѓутоа, токму затоа неговите пофалби за некој проект имаат големо значење, кога Фримен нешто вистински сака, јасно е дека тоа го мисли сериозно.

Затоа многумина ги изненадило кога на социјалните мрежи серијата „Maestro in Blue“ ја нарекол ремек-дело.

Станува збор за грчка драма во три сезони која ја следи приказната на музичарот Орестис, неговото доаѓање на островот Паксос и заплетот којшто прераснува во загадочно убиство.

Серијата изворно била прикажана на грчка телевизија, а „Netflix“ ја откупил и ја претставил на пошироката публика кон крајот на 2022 година како вистинска грчка серија во својата понуда.

Воочи доаѓањето на третата сезона во декември 2024 година, Фримен ги повикал своите следбеници секако да ја гледаат.


„Доколку сѐ уште не сте имале можност да ја погледнете „Maestro in Blue“, навистина пропуштате нешто посебно. Сместена на прекрасниот остров Паксос којшто има посебно место во моето срце, оваа серија е вистинско ремек-дело. Немојте да ја пропуштите“, напишал актерот.

Неговата воодушевеност не застанала на зборовите, Фримен во јуни 2025 година отпатувал на островот Паксос каде се дружел со главниот актер и креаторот на серијата, Кристофорос Папакалиатис.