[ФОТО] Костелиќ не мирува и покрај честите несреќи: Со 10 годишниот син скокнал од опасна карпа

Точка

08/07/2025

15:17

1.627

Големина на фонт

а а а

Познатиот хрватски скијач Ивица Костелиќ продолжува да биде еден од најголемите љубители на екстремните спортови во регионот, а повторно се најде во центарот на вниманието поради објавата на социјалните мрежи.

Костелиќ неодамна едвај преживеа откако морнарицата на Црна Гора го спаси од морето недалеку од Улцињ, кога силните бранови го собориле и одвлекле далеку од брегот.

За среќа, тој бил спасен во последен момент, меѓутоа и во минатото во повеќе наврати се нашол во животозагрозувачки ситуации.

Од друга страна новата објава на скијачот на Инстаграм повторно привлече големо внимание. Имено тој моментално е на одмор на островот Мљет, а ја искористил можноста да скокне од опасната карпа на Одисејовата пештера на Мљет.


Меѓутоа она што особено изненади е фактот дека Костелиќ скокнал од карпата заедно со неговиот 10-годишен син Иван. Прославениот Хрват ги објави фотографиите на социјалните мрежи.

„Татко и син го прават она што татко и син обично го прават“, напиша Костелиќ во описот на фотографијата.


Инаку во април, Костелиќ бил во Австрија на местото каде што се активирала лавина. За среќа, тој бил само очевидец во Обертерн и во таа прилика веднаш се огласи и им порача на обожавателите дека сè е во ред и дека му е потребна приватност.