Додека се бори за титулата светски шампион, Мбапе дознал дека поранешниот соиграч му ја „украл“ Џорџија

Точка

08/07/2025

17:06

2.398

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мануел Угарте (24), потврди дека е во врска со британската инфлуенсерка Џорџија Меј Хит – за која странските медиуми пишуваат дека претходно била во романса со Килијан Мбапе!

Парот ја официјализираше врската на Инстаграм, каде Угарте објави заедничка фотографија од одмор, со срце и таг со нејзиното име.


Џорџија, која има 27 години, е модна инфлуенсерка со повеќе од 200.000 следбеници на Инстаграм и уште 50.000 на ТикТок. Гласините за нивната врска почнаа да кружат уште на почетокот од годинава, кога обожавателите забележале дека неколку нејзини фотографии се снимени токму во станот на Угарте.


Потоа беа забележани заедно во тренинг-центарот на Јунајтед во Керингтон, што дополнително ги засили шпекулациите, а сега врската е и официјално потврдена.


Инаку, Џорџија Меј Хит е родена во Велика Британија, но времето го дели меѓу Англија и Австралија. Беше поврзувана со Мбапе, со кого во 2021 година вечераше во Грција, а наводно заедно патувале и во Маракеш во јануари 2024 година.


Интересно е што Угарте е токму поранешен соиграч на Мбапе од Пари Сен Жермен, од каде минатото лето премина во Манчестер Јунајтед.


Од друга страна, Мбапе моментално се наоѓа во САД, на Светското клупско првенство, каде со Реал ќе игра полуфинале против ПСЖ.