Болеста го „покоси“ за помалку од 10 месеци: Почина славниот холивудски актер, а зад неговите последни фотографии се криела болната вистина

Точка

05/07/2025

13:30

4.819

Големина на фонт

а а а

Славниот актер Џулијан Мекмахон почина на 2 јули, на 56-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја соопшти сопругата Кели Мекмахон два дена подоцна, на 4 јули.

„Почина мирно оваа недела, после храбрата борба со канцерот“, напишала Кели во соопштението. Веста шокирала многумина затоа што јавноста не знаеше дека легендарниот австралиски актер се бори со тешка болест.

Неговиот последен јавен настап бил на 10 март 2025 година на црвениот тепих на филмскиот фестивал „South by Southwest“ во Остин Тексас, на премиерата на својот последен филм „The Surfer“ во којшто глумел заедно со Николас Кејџ.

На премиерата на филмот се појавил во карирано сако и фармерки, позирал насмеан, но бил видно ослабнат и кревок.


Иако на многумина им делувало дека станува збор за имиџ поради улогата, кратка фризура, мустаќи и тажен поглед, никој не претпоставувал дека зад тој поглед се крие најтажната животна борба.

Неговиот шарм секако не изостанувал. И тогаш, како и многу пати претходно, се смешкал, онака како што најдобро знаеше.

Се појавил на Канскиот фестивал, па шок 10 месеци подоцна

Само десет месеци пред американската премиера, во мај 2024 година Џулијан се појавил на Канскиот фестивал, исто така во состав на промоцијата на спомнатиот филм.

Тогаш делувал целосно здраво, самоуверено и елегантно, баш онака како што го памети публиката, во полна форма, со препознатлива насмевка и продорен поглед.


Никој не можел да замисли дека за краток период неговиот изглед целосно ќе се смени. Десет месеци подоцна, на мартовската премиера во Остин, Мекмахон бил речиси непрепознатлив, значително слаб, со нова фризура.

Последната порака на Инстаграм

Мекмахон и сам се збогувал од публиката, иако тогаш никој не знаел за тоа. Неговата последна објава на Инстаграм била повик до гледачите да го гледаат филмот „The Surfer“ којшто во кината пристигна на 2 мај 2025 година.

„Здраво на сите. Само да ве известам дека излегува прекрасен филм во режија на Лоркан Фининг. Многу возбудливо, во кината ќе биде промовиран на 2 мај. Тоа е психолошки трилер, многу едноставен и забавен. Се надевам дека ќе уживате кога ќе го гледате онолку колку што ние уживавме додека го снимавме. Поздрав“, напишал актерот.