Голмански мастерклас: Шоуто на Ди Грегорио против Реал

Дерби

02/07/2025

13:31

410

Големина на фонт

а а а

Јувентус имаше голема шанса да го отвори резултатот во осминафиналето против Реал Мадрид кога Коло Муани излезе сам пред голот на Тибо Куртоа, но незрелата реакција на напаѓачот го остави италијанскиот тим без водство, кое сигурно можеше да донесе и поинаков тек на мечот кој во продолжение беше одбележан од иницијатива на „кралевите“.

Младиот Гонсало Гарсија го постигна единствениот гол на натпреварот и истиот се покажа како доволен за победа и пласман во четвртфиналето, но мора да се напомене дека Јувентус до последно остана во игра благодарение на својот голман.

Микеле Ди Грегорио беше убедливо најдобар играч на Јуве на теренот во Мајами, а со самото тоа потврди дека беше можеби и најдобар голман на ова Светско клупско првенство.

Чуварот на мрежата на Јувентус забележа дури 10 одбрани против играчите на Реал Мадрид, па така севкупно дојде до 27 успешни интервенции на клупскиот мундија.

Ди Грегорио со тие бројки се одјави од турнирот во САД, но „ДАЗН“ се погрижи неговото шоу против Реал да стане вирално на социјалните мрежи.