Еден и единствен: Магионичарот Муте освои неверојатен поен на Вимблдон

Дерби

02/07/2025

11:37

386

Големина на фонт

а а а

Корентан Муте веќе некое време е еден од најзабавните тенисери на АТП турот, а тоа го потврдува со потези кои се карактеристични само за него.

Францускиот шоумен посебно може да го тестира широкиот спектар на удари на тревна подлога и навистина ужива да игра на Вимблдон, па веќе во првото коло ни понуди кандидат за поен на турнирот.

Муте во првото коло беше подобар од Комесана со 3:0 во сетови и си закажа дерби пресметка против Григор Димитров во второто коло, но пред да дојде пресметката со Бугаринот, посебен хит стана еден негов удар од вчерашниот меч.

Корентан ја повтори магијата од Ролан Гарос во пресметката со Новак Ѓоковиќ, со што само покажа дека има неверојатно чувство на мрежа.

Муте го прошета противникот на секој дел од теренот, а потоа кога сите очекуваа смеш, испорача трик скратена топка и доби честитки и од својот ривал.