[ВИДЕО] Судијата донесе шокантна одлука пред последниот судиски свиреж, Гвардиола влета на теренот и бараше објаснување

Дерби

01/07/2025

15:21

1.181

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити пропушти низа добри прилики да го реши патникот во четвртфиналето уште во регуларниот дел, а неискористените шанси донесоа казна во вид на пораз и елиминација од Светското клупско првенство.

Англискиот тим беше подобар од Ал Хилал во сите статистички параметри, но на крајот загуби со 3:4 и мораше да се помири со нов неуспех оваа сезона.

Јасин Боно беше човекот кој ги фрустираше ѕвездите на Сити во најголем дел од ситуациите, но во самиот финиш од регуларниот дел, нервоза кај Пеп Гвардиола предизивка и главниот судија.

Главниот судија Валенсуела не досуди чист фаул за груб прекршок над Доку, па наместо да дозволи последна шанса за Сити, отсвири за последен пат во регуларниот дел.

Пеп Гвардиола не можеше да поверува што гледа, па влета на теренот и во неколку наврати го запраша судијата дали се шегува со одлуката која ја носи.