Денвер го трејдуваше третиот најплатен играч во тимот, Јокиќ доби двајца нови соиграчи во неколку часа

Дерби

01/07/2025

11:23

106

Големина на фонт

а а а

Денвер имаше нова разочарувачка сезона во плејофот и истата донесе низа промени во франшизата од Колорадо, започнувајќи со заминувањето на тренерот Мајк Мелоун, но и луѓето задолжени за спортскиот проект.

Нагетси најавија дека ќе следат неколку важни измени и во играчкиот кадар во текот на ова лето, а првиот потег кој е повлечен јасно става до знаење дека директорите останале посебно незадоволени од една ѕвезда.

Мајкл Портер Џуниор потфрли на најважните натпревари и беше невидлив во ситуација кога им требаше помош на Никола Јокиќ и Џамал Мареј, па затоа Денвер сега реши да го трејдува третиот најплатен играч во тимот.

Портер Џуниор е трејдуван во Бруклин Нетс и на негово место во Денвер пристигнува Камерон Џонсон, кој е двојно поевтина опција за франшизата од Колорадо.

Со заминувањето на Портер Џуниор, Денвер се ослободи од 38 милиони долари кои требаше да ги добие Мајкл за новата сезона, како и од дополнителни 40 милиони долари за сезоната 2026/27.

Џонсон ќе добива околу 20 милиони долари според договорот со Денвер, франшиза која во период од неколку часа го потврди и второто летно засилување во името на Брус Браун.