Симоне Инѕаги ја оствари првата голема победа во пресметките со Пеп Гвардиола, а со тоа направи неговиот Ал Хилал да се пласира во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Во еден возбудлив и докрај неизвесен фудбалски трилер, саудискиот тим славеше со 4:3 и излезе како победник во фудбалската голеада, во која избраниците на Инѕаги беа речиси перфектни пред противничкиот гол.
Доскорешниот тренер на Интер претрпе еден болен пораз од Гвардиола во финалето во Лигата на шампиони, но две години подоцна дочека шанса за реванш и успеа да победи против човекот кој според него е најдобар тренер на сите времиња.
– Знаевме дека мораме да направиме нешто извонредно за да го победиме Манчестер Сити, а моите играчи го направи токму тоа. Бевме неверојатни, знаеме од каков материјал е составен тимот на Гвардиола.
– Моравме да го искачиме Монт Еверест без кислород и успеавме да го направиме тоа. Бевме навистина многу добри во сите елементи, и во фаза на посед и кога требаше да се браниме. Заедно сме само три недели, но сите може да видите како се ангажираат играчите. Како тренер кој ги гледа работите отстрана, не можам да бидам позадоволен од мојот нов тим, – изјави Инѕаги.