Ал Хилал приреди големо изненадување и го елиминираше Манчестер Сити во осминафиналето на Светското клупско првенство, и тоа на натпревар на кој беше исклучително ефикасен во напад, но и извонреден во одбрана.
Кога е во прашање играта во дефанзива, клучен за сензацијата беше Јасин Боно, бидејќи мароканскиот чувар на мрежата имаше дури 10 успешни интервенции, од кои некои беа нависитна неверојатни.
Сепак, ако треба да се бира една, убедливо најсензационална беше онаа во првото полувреме, период во кој Сити пропушти неколку шанси да има покомотна предност од 1:0.
Најдобрата шанса ја имаше Савињо по додавње од Халанд, па иако во даден момент се доби впечаток дека се ослободи од Боно, искусниот чувар на мрежата реагираше неверојатно со пожртвувана интервенција.
Боно ја испружи раката без да гледа и успеа да спречи чист гол за 2:0, момент кој можеби беше и клучен за пресвртот кој подоцна го режираше Ал Хилал.
Great save from Bono 🧤
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 1, 2025
Watch the @FIFACWC | June 14 - July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #MCIHIL pic.twitter.com/51l8gjqe5x