Актерката Хали Бери (58) објави забавно видео на својот профил, во кое танцува расположено во костим за капење, но сцената заврши неславно – ѝ се одврза долниот дел од бикинито и почна да ѝ се лизга, објави таблоидниот портал „Пејџ сикс“.
На видеото се гледа како Бери се танцува по станот и излегува на балкон, во ритам на песна на нејзиниот партнер, музичарот Ван Хант.
Весела и енергична, таа танцува со насмевка, но на крајот се случува мала незгода – костимот за капење почнува да ѝ паѓа.
„Кога музиката на човекот што го сакаш е толку добра, не можеш да останеш мирна“, напиша таа во описот на видеото, со што го пофали и новиот музички проект на својот партнер.
Бери и Хант се заедно од 2020 година, а неодамна признаа дека тој ѝ предложил брак, но таа одбила. И покрај тоа, не ја исклучуваат можноста за свадба.
„Мислам дека ќе се венчаме, бидејќи тој е човекот со кого требаше да бидам уште од почеток“, изјави Хали.
Таа има три брака зад себе – со спортистот Дејвид Џастис, пејачот Ерик Бене и актерот Оливие Мартинез, со кого сè уште води правна битка околу старателството на нивниот син Мацео, кој има 11 години. Има и ќерка, Нахла, стара 17 години, од поранешниот партнер Габриел Обри. Ван Хант, пак, има син од претходна врска.