Актерот Метју Меконахи и актерката Ема Робертс ја игнорирале холивудската ѕвезда што седела меѓу нив, Гилијан Андерсон, на модната ревија на „Жакемис“ во рамки на Париската недела на машка мода, во неделата.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Меконахи и Робертс воделе жив разговор, додека Андерсон седела меѓу нив речиси незабележано.
Меконахи постојано се наведнувал преку Андерсон за да разговара со Робертс, а таа, со смирен израз и блага насмевка, изгледала малку непријатно додека седела меѓу нив.
На ревијата присуствувала и сопругата на Меконахи, Камила Алвес. Во првиот ред биле и Лори Харви, раперот Стормзи, пејачката Аја Накамура и музичарот Рема.
Меконахи и неговата сопруга, модната дизајнерка Алвес, разменувале нежности и пристигнале на настанот во усогласени бели комбинации. Робертс блеснала во бела тул-сукња со елегантен сив топ, додека Андерсон носела црн фустан со висок оковратник, кој го надополнила со црвена чантичка и чевли во иста нијанса, додавајќи доза гламур