Белингам со први импресии од Чаби како тренер: Најмногу ми се допаднаа две работи

Дерби

29/06/2025

18:34

471

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам ќе направи операција и најави дека ќе го очекува подолга пауза по крајот на Светското клупско првенство, турнир на кој планира да го даде најдоброто од себе пред периодот на рехабилитација кој го чека.

Англискиот репрезентативец доби нова улога во средниот ред од Чаби Алонсо и полека се адаптира на барањата кои ги има новиот тренер, но како човек кој добро знаеше да се позиционира на фудбалскиот терен, Шпанецот и тоа како позитивно влијае врз играчите за врска во актуелниот тим.

По Феде Валверде, со големи пофалби за работата на Чаби излезе и Белингам, кој вели дека најмногу му се допаѓа интензитетот и самите движења кои ги има Алонсо за време на тренинг сесиите.

– Со новиот стил кој го применува тренерот сакаме да играме меѓу линии и сакаме да имаме контрола на топката. Истовремено, Чаби бара од нас да бидеме остроумни и да забрзаме кога треба да го нападнеме противничкиот гол. Сакаме да имаме контрола на игра, но сакаме да бидеме и директни.

– Чаби е многу топла личност, знае како да се справува и да зборува со играчите. Најмногу ми се допадна неговата енергија и начинот на кој ги пренесува идеите. Тој е многу активен на тренинзите, постојано се движи и се вклучува во игра за да почувствуваме подобро што бара од нас. Кога гледате таков тренер, неговата енергија се пренесува и врз играчите, – вели Џуд.