Новак Ѓоковиќ остана изненаден од одлуката на Јаник Синер да ги отпушти Марко Паники и Улисес Бадио во пресрет на Вимблдон, но Србинот на соочувањето со новинарите мораше да коментира и една важна промена во неговиот тим.
Откако се раздели со Енди Мари, Ѓоковиќ сега официјално соопшти дека ја прекинал секојдневната соработка со Гебхард Фил-Грич кој беше негов долгогодишен кондициски тренер, па на негово место ќе испроба докажано име во оваа сфера на спортот.
Србинот на Вимблдон ќе соработува со Далибор Широла, човек кој во минатото работеше со Љубичиќ, Сепи и Раониќ, како и со Синер, Чориќ и Зверев како дел од тениската школа на Пјати.
– Далибор е во мојот тим за да го замени Џи-Џи (Фил-Грич). Со Џи-Џи решивме да прекинеме да работиме активно на кондициски план, но тој секогаш ќе остане во улога на советник и консултант. Тој ми е многу близок и го чувствувам како мое семејство.
– Далибор доаѓа на негово место и сега ќе биде тој кој ќе патува со мене. Ова ни е еден вид на проба и тест, да видиме како функционираме. Веќе работиме неколку недели и многу ми се допадна работата со него. Ми се допаѓа како човек, но и начинот на кој работи. Има извонредно искуство со елитни тенисери и тенисерки, а работи во Академијата на Пјати со години. Тој го познава тенисот и специфичностите на нашиот спорт, а тоа е она што ми е потребно, – изјави Ноле.
Ѓоковиќ во првото коло на Вимблдон ќе игра против Александар Мулер, а негова цел ќе биде да стигне до завршницата и да се бори за осма титула во Ол Ингланд клубот.