[ВИДЕО] Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

A1ON.MK

27/06/2025

12:22

1.393

Големина на фонт

а а а

Случајот со Невена Спасеска и одземањето од неа четиригодишното дете без никаков аргумент освен дека таткото е богат и машко, по втор пат се најде во Собранието. По пратеничката Иванка Василевска која обвини за корупција во судството, сега и пратеничката Славјанка Петровска упати пратенички прашања до Министерството за труд и социјална политика за нивната пасивност и незаинтересираност да ја спречат корупцијата и да ги заштитат мајката и детето.

„На почетокот на месец мај во јавноста се појави една мајка на 4 годишно детенце која ја раскажа голготота низ институциите вклучително и судските инстанци и изјави дека неправедно поради корупција, влијаниеја и притисоци старатеството и било одземено. Таа јавно упати апел, мајчински крик до сите институции да застанат и да размислат што прават и дека нивна должност е да се грижат за доброто на детето, а не да спроведуваат друга политика. Како министер и министерство одговорноста е да се грижи за заштита на децата, да гарантира дека одлуките особено од меѓуопштинските центри за социјална работа да бидат во интерес на децата , заради заштита на нивното ментално и физичко здравје и дека ќе бидат заштитени од секаква можност од нивно трауматизирање.

Но за жал овој случај покажува дека не е така. Службеници од меѓопштинскиот центар во Скопје ги газат овие начела, интересот на малото дете го тргнаа настрана и постапуваат спротивно на судско решение. Судот ја има задолжено мајката на 30 јуни да го предаде детето, спротивно на ово вработени во меѓуопштинскиот центар во Скопје на 19 јуни со присуство на полиција и тоа интервентна се обидуваа да го земат детето спротивно на насоките на судот. Моето прашање е дали министерот ќе постапи според надлежностите и дали ќе бидат санкционирни, ова своеволие на корумпираните службеници со цел да се заштити здравјето на ова дете“, праша од собраниската говорница Славјанка Петровска.

Невена Спасеска според извршната судската одлука треба да го предаде детето на 30 јуни, иако судот ниту во Охрид ниту во Битола за кои е изразено сомнение и од собраниската говорница дека се поткупени, не го зел во предвид фактот дека дететото не може да се одвои од мајката и е многу поврзано со неа.

„Ќе им дадам една задача на Судскиот совет да проверат како нивната колешка која ја назначија за претседателка на Апелациониот суд во Битола, госпоѓата Жаклина Доведен успеа да ја добие таа престижна фотелја? Која беше цената и колку тони тежат солзите на една мајка и на едно четирогодишно дете со пресудата за која Доведен рекла дека морала да ја донесе? Каде е правдата и правото, за една мајка и едно дете кога имаме претседателки на Апелација во Битола коишто мораат да донесат една таква неправична пресуда. Пресуда која не е врз факти и аргументи, туку е донесена од политички интереси, потреба од функции и секако претпоставувана материјална корист. Има моќници во нашата држава кои немаат проблем да платат колку што ќе се побара, рече Иванка Василевска од собраниската говорница.

Двата центри за социјална работа се ангажирани максимално во корист на таткото. Центарот во Охрид напиша мислење дека таткото треба да има старателство врз дететото зашто е богат и затоа што е машко. Судот го прифати тоа, а директорот подоцна беше разрешен и доби кривична пријава од надлежното министерство. Центарот во Скопје поднесува кривични пријави против мајката дека не го дава дететото, а сака да го земе со решение кое потоа не важи за нејзините видувања со детето. Ниту тие, ниту судот не го зеле во предвид моментот дека детето не сака и многу тешко ќе се оддели од мајката без да предизвика тоа кај него тешка траума. Огромни притисоци има во случајот на мајката и одземањето на нејзиното дете. Крајниот збор го има Врховниот суд каде се наоѓа предметот и каде конечно треба пред се, да се земе предвид интересот и заштитата на дететото.