Активистката спасуваше животни, ја следеа милиони – но злобните коментари сè променија: „Посакувам да моравте да го гледате ова …“

Точка

26/06/2025

19:17

439

Големина на фонт

а а а

Активистка за права на животни почина по бран на онлајн насилство, објави нејзиниот сопруг.

Познатата активистка и основачка на засолниште за лисици, Микајла Рејнс, која имаше над 2,4 милиони следбеници на "YouTube", трагично го загуби животот по, како што беше опишано, „кампања на онлајн насилство“, соопшти нејзиниот сопруг.

Рејнс во 2017 година ја основа организацијата "Save A Fox" во Лејквил, Минесота, со цел да ги спасува лисиците од индустријата за крзно. Според официјалната веб-страница на организацијата, таа во изминатите осум години спасила околу 150 лисици, од кои многу биле успешно вдомени. Исто така, засолништето спасувало и мачки и куни.


Во емотивно видео, нејзиниот сопруг откри дека таа долги години се борела со депресија, но дека последниот бран онлајн насилство довел до влошување на нејзиното ментално здравје, по што си го одзела животот. Тој истакна дека таа трајно била посветена на помош на животни и дека со години одела на различни видови терапија.

„На сите вас кои ја турнавте во ова, на сите што сте одговорни за тоа како се чувствуваше – би сакал да моравте да ме гледате кога ја најдов и како 15 минути се обидував да ја вратам во живот, додека не стигнаа првите спасувачи“, рече нејзиниот сопруг.


Тој додаде дека онлајн малтретирањето многу ја повредило, иако во почетокот успевала да се носи со тоа. Но, ситуацијата значително се влошила во последните месеци, особено кога во навредите се вклучиле и луѓе кои таа ги сметала за блиски пријатели.

Микајла Рејнс беше и мајка на тригодишно девојче, а полицијата поведе истрага за нејзината смрт.