[ФОТО] Лево е реакцијата на републиканската конгресменка по повод избраниот муслимански лидер на Њујорк: Десно е неговата сопруга

Точка

26/06/2025

14:29

2.784

Големина на фонт

а а а

Младиот муслиман Зохран Мамдани (33), демократски социјалист со потекло од Уганда и Индија, ја шокираше политичката сцена во Њујорк победувајќи го поранешниот гувернер Ендру Куомо на демократските предизбори за градоначалник на Њујорк.

Републиканците се бесни


Републиканците редум се огласуваат за резултатите од предизборите. Доналд Трамп изјави:

„Конечно се случи, демократите ја преминаа границата. Зохран Мамдани, 100-процентен комунистички лудак, штотуку победи на демократските предизбори и е на пат да стане градоначалник. Имавме радикални левичари и претходно, но ова станува смешно. Изгледа ужасно, гласот му е рапав, не е баш паметен, го поддржува AOC (Александрија Окасио-Кортез), па дури и нашиот голем палестински сенатор, плачливиот Чак Шумер, ползи пред него. Да, ова е голем момент во историјата на нашата Земја.“

Лора Лумер, која има историја на антимуслимански коментари, коментираше дека Мамдани е поддржан од терористите и дека може да се повтори 11 септември, а републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин објави на „Икс“ (поранешен Твитер) слика од Статуата на слободата покриена со облека слична на онаа што ја носат муслиманките.

Веднаш следеа реакции

Објавата на Марџори Тејлор Грин, со која имплицира дека со доаѓањето на Зохран на позицијата градоначалник на Њујорк жените би можеле да бидат присилени да се покриваат, наиде на реакции. Додека приврзаниците на Трамп се согласија со Марџори, имаше и такви кои во коментарите почнаа да објавуваат фотографии од сопругата на Зохран – која не е покриена.


Која е сопругата на Зохран Мамдани?

Сопругата на Зохран, Рама Дуваџи, е аниматорка, илустраторка и керамичарка од Дамаск, Сирија. Дипломирала на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“ со диплома по ликовна уметност во областа на комуникациски дизајн.


Во својата уметничка кариера, Дуваџи соработувала со „The New Yorker“, „The Washington Post“, „BBC“, „Apple“, „Spotify“, „VICE“ и музејот „Tate Modern“ во Лондон.


Се запознале преку „Hinge“

Зохран и Рама се запознале преку апликацијата за запознавање „Hinge“. „Ја запознав сопругата преку Hinge, така што сè уште има надеж во тие апликации за запознавање“, изјави Мамдани низ смеа во една неодамнешна епизода на поткастот „The Bulwark“.


Во мај 2025 година, Мамдани објави фотографии со сопругата на Инстаграм и откри дека се венчале.


„Пред три месеци се оженив со љубовта на мојот живот, Рама“ напишал тој, па додал: „Рама не е само мојата сопруга. Таа е неверојатна уметница која заслужува да биде препознаена под свои услови. Можете да ги критикувате моите ставови, но не и моето семејство.“