Овој јули ни пристигнува Плутон – тропскиот бран којшто најавува денови и ноќи над 40 степени. Затоа исклучително е важно да знаеме како да постапуваме за да го заштитиме нашето здравје.
Што да избегнуваме, колку вода да пиеме, како да се изладиме, објаснил кардиологот Горан Поповиќ.
„На хронично болните и децата им е најтешко, но секој мора да се приспособи. Не можеме да очекуваме температурите да бидат ниски во јуни, јули и август, ние мораме да се приспособиме и со начинот на исхрана, облекување, количината течности која ја внесуваме, а хронично болните мора да се придржуваат до терапијата“, објаснува кардиологот Горан Поповиќ, па додава:
„Многу е полошо кога времето нагло се менува во топло. На тоа многумина лошо реагираат, а не само хронично болните“.
Докторот предупредува на една работа која може да биде исклучително опасна во текот на летото.
„Климатизираните простории се добри, но климата треба паметно да ја користите. Избегнувајте климата директно да дува во вас и не правете голема разлика меѓу надворешната и внатрешна температура, разликата треба да биде до осум степени. Наглиот температурен шок може погубно да делува, може да колабирате.
Како да се храниме во текот на летото?
„Консумирајте зеленчук којшто има многу течности, а краставицата е еден од нив. Сиот зеленчук се препорачува. Треба да јадете храна која не го загрева организмот. Месото нѐ загрева, рибата не. Треба да се угледаме на медитеранската исхрана која подразбира риба, многу зеленчук, овошје, течности. Само слушајте го организмот и приспособете ја исхраната“, објаснува кардиологот.