Каде и да се појави, освојува со стас и со глас, дури и сега – во 50-тата година од животот.
Актерката Шарлиз Терон неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „The Old Guard 2“ во Лос Анџелес, а за таа пригода облече, многумина би рекле, храбра комбинација на облека.
Фотографии од црвениот тепих се проширија на социјалните мрежи, а повеќето корисници имаат само позитивни реакции за физичкиот изглед на оваа убавица.
Како што се гледа, Шарлиз избра црн комплет – топ и длабоки гаќи кој го комбинираше со мрежа. На стајлингот додала и оверсајз црн сако, а нејзиниот целосен изглед носи потпис на познатата модна куќа „Givenchy“ од колекцијата есен/зима 2025.
Оваа необична креација ја истакна завидната фигура на актерката, а таа и сега – на 50 години – може да ја понесе титулата „најфатална актерка“.
Кога станува збор за шминката, се одлучила за „нуде“ тонови, кои ја нагласија природната убавина и нејзините продорни сини очи.
Навистина, беше тешко да се одвои погледот од неповторливата Шарлиз Терон и нејзиниот секси стајлинг!