Барселона работи на освежувања на екипата, обезбедување на нови засилување, но во меѓувреме планира и да се ослободи од играчите кои не се во прв план или поточно не му се потребни на тренерот Ханси Флик.
Се очекува во офанзивната линија да пристигне Нико Вилијамс од редовоте на Атлетик Билбао и тоа е јасен сигнал дека некој ќе се си замине, а тоа во случајот е Ансу Фати.
Фати скоро и да не играше во натпреварувачката 2024/2025, па и на него му стана јасно дека ќе мора да ја промени средината ако сака да фати ритам, да се обиде да дојде до старата форма.
Новиот предизвик за Ансу ќе биде француски Монако и тоа го потврди претседателот Жоан Лапорта.
- Ако сè оди добро, ќе имаме добри вести оваа недела и тој ќе оди во Монако, - откри првиот човек на клубот од „Камп Ноу“.