Чистка во Бостон: Селтикс се ослободи и од Порзингис

Дерби

25/06/2025

11:20

76

Големина на фонт

а а а

Бостон Селтикс имаше неуспешна сезона во која не го оправда, потврди статусот ниту на најдобра екипа на Истокот, ниту во лигата, сезона која го запали алармот кај најтрофејниот клуб во НБА лигата.

Познато е и дека Џејсон Тејтум заработи тешка повреда и ќе ја пропушти натпреварувачката 2025/2026, па „келтите“ се решија да почнат да градат нова екипа и откако се ослободија од плејмејкерот Џру Холидеј кого го испратија во Портланд Трејл Блејзерс сега тоа го направија и со Кристапс Порзингис.

Во трејдот во кој учествуваат три екипи Порзингис зарвши во редовите на Хокс, плус втор пик на драфтот. Бруклин Нетс го добива Теренс Мен и 22 пик на драфтот, додека пак во Бостон ќе заврши Џорџ Нианг и втор пик на драфтот.

Преку овие две зделки според ЕСПН, Селтикс заштедиле 180 милиони долари од данок на луксуз, во споредба со она што првично беше проектирано да биде комбинирана сметка за плати и даноци од над 500 милиони долари за следната сезона.

Кристапс како и Џру беа играчи од шампионската генерација на клубот од „Ти-Ди Гарден“ во 2024 година.